Македонската дијаспора инкасирала 435 милиони, а српската 3,7 милијарди долари

Bez autora
Sep 02 2012

Македонската држава со 435 милиони долари е на 97 место на светската листа на земји кои добиле пари од дијаспората. Од земјите во регионов нашиот северен сосед, Србија, котира најдобро и се наоѓа на 33 место во светот со прилив од 3,719 милијарди долари иселенички пари. На 48 место е Босна и Херцеговина со дознаки од 1,959 милијарда долари, а на 70 место е Хрватска со 1,262 милијарда долари. Ова се дел од анализите на порталот макроекономија.орг кој ги следи економските движења во Србија и во бившите ју републики, сега самостојни држави. Според анализите на српското Министерство за стопанство, изминативе десет години во Србија по овој основ влегле 40 милијарди долари и тоа е основната причина што транзицискиот период нашите соседи полесно го поминале. Cо прилив од 410 милиони долари на 99 место е Словенија, а Црна Гора е на 106 место, бидејќи од дијаспората лани добила 301 милион долари. Албанија е на 23 место по прилив на странски дознаки.

Македонската дијаспора инкасирала 435 милиони, а српската 3,7 милијарди долариМакедонската држава со 435 милиони долари е на 97 место на светската листа на земји кои добиле пари од дијаспората. Од земјите во регионов нашиот северен сосед, Србија, котира најдобро и се наоѓа на 33 место во светот со прилив од 3,719 милијарди долари иселенички пари.

На 48 место е Босна и Херцеговина со дознаки од 1,959 милијарда долари, а на 70 место е Хрватска со 1,262 милијарда долари. Ова се дел од анализите на порталот макроекономија.орг кој ги следи економските движења во Србија и во бившите ју републики, сега самостојни држави.

Според анализите на српското Министерство за стопанство, изминативе десет години во Србија по овој основ влегле 40 милијарди долари и тоа е основната причина што транзицискиот период нашите соседи полесно го поминале.

На порталот е наведено дека со прилив од 410 милиони долари на 99 место е Словенија, а Црна Гора е на 106 место, бидејќи од дијаспората лани добила 301 милион долари. Албанија е на 23 место по прилив на странски дознаки.

Прва во светот по вредноста на странските дознаки е Индија со 57,8 милијарди долари, по неа следи Кина со 57,2 милијарди, а на трето место е Филипини со 23,5 милијарди долари. Од европските држави, Франција е на петото место, на шестото Германија и уште низа други земји, вклучувајќи ги и САД и Велика Британија.

Според порталот макроекономија.орг, вредноста на дознаките во 2011 година во светот изнесувала 489 милијарди долари и тоа е зголемување од 7,7% споредено со 2010 година. Со тоа е надмината рекордната вредност на 2008 година, кога дознаките изнесуваа 458 милијарди долари.

Дел од економските експерти сметаат дека овие странски дознаки се потврдуваат како ограничувачки фактор за економскиот развој, бидејќи парите пристигнуваат од туѓата работа и лесно се трошат, но тие пак, истовремено имаат огромно значење во социјалното преживување и амортизирањето на социјалните тензии во општеството.

Професорот Вујо Вукмирица од Економскиот факултет во Бања Лука наведува дека дознаките од странство претставуваат значителна помош за зголемување на куповната моќ на населението и фактор на развојот.

Во Македонија парите од иселениците полнат петтина од државната каса. Според Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, парите што влегуваат во Македонија од страна на иселениците полнат 20% од државната каса, а за 10% го зголемуваат бруто-домашниот производ (БДП) и покриваат најмалку 50% од трговскиот дефицит. Но, тие укажуваат дека парите што дијаспората ги инвестира во Македонија не се целосно евидентирани од страна на државата, особено оние што тие ги носат во џебот.

Според Народната банка на РМ, приватните трансфери во 2010 година биле рекордни и тие достигнале 1.335,1 милиони евра, при како прилив се евидентирани 1.378 милиони евра, а како одлив 42,9 милиони евра.

Инаку, околу 160.000 семејства во Македонија егзистираат со пари од иселениците. Македонците изминативе години најчесто одат на печалба во Италија и блискоисточните земји, а поретко во прекуокеанските. Се проценува дека моментално 154.000 граѓани се во странство, од кои 3.700 во скандинавските држави, 61.000 во Германија, речиси исто толку во Швајцарија и 22.000 во Италија.

Приливот на странски пари е значаен фактор на стабилност на земјава, оти реално овие пари пристигнуваат како помош на семејството и пријателите, кои што пак, ги инвестираат во домашното стопанство. Статистиката анализира дека во летниот период кога нашите иселеници најчесто ја посетуваат земјава трошат дневно и до 50 евра, а во текот на месецот од 1.500 до 2.000 евра. Овие пари се трошат на храна, услуги, луксуз, патување и слично.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik